Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун денеска на Блискиот Исток


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун денеска ќе престојува на Блискиот Исток за да посредува во надминување на конфликтот во Газа меѓу Израел и Хамас.Помошник генералниот секретарот за политички прашања, Џефри Фелтман ова го соопшти синоќа на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со конфликтот во Газа. Фелтман кажа дека неопходен е прекин на огнот за да успеат хуманитарните напори кои се итно потребни. Болнички извори јавија дека 48 Палестинци биле убиени синоќа во нападите на израелската војска во Газа.Целта на офанзивата било уништување на ракетите на Хамас и на тунелите ископани на територијата на Израел . Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД се длабоко загрижени поради ризиците за натамошно ескалирање на конфликтот.

XS
SM
MD
LG