Достапни линкови

Продолжен рокот за постигнување нуклеарен договор


Светските сили и Иран се согласија да ги продолжат разговори за нуклеарната програма на Техеран за четири месеци, а САД најавија дека ќе деблокираат околу 2,8 милијарди долари замрзнати ирански средства. Крајниот рок за постигнување долгорочен договор беше 20. јули. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф објавија заедничката изјава по разговорите во Виена. Во неа се наведува дека се уште има значителни празнини за некои основни прашања и оти е потребно повеќе време и напор.Белата куќа соопшти дека продолжувањето на рокот е потребно и

оти Вашингтон ќе прифати сеопфатна резолуција која ги задоволува нивните цели. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД ќе одобрат околу 2,8 милјарди долари ако Иран се согласи да ограничи делови од својата нуклеарна програма. Но Кери додаде дека Вашингтон ќе продолжи енергично да ги спроведува санкциите кои остануваат во сила.

XS
SM
MD
LG