Достапни линкови

logo-print

Шиповиќ овозможи кворум, советниците од ВМРО-ДПМНЕ си ги изгласаа ДУП-овите


Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар доцна попладнево ги изгласаа измените на деталните урбанистички планови за Тасино Чешмиче 1 и Капиштец. Претседавачот на советот на Општината Мирослав Шиповиќ гласаше против, но неговото присуство го обезбеди кворумот, откако советниците од СДСМ и коалициските партии одлучија да ја напуштат седницата.

Претходно, предлагачот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, соопшти дека одлучиле да ја тргнат точката која предвидуваше измена на деталниот урбанистички план „Мал ринг“ за што сите советници гласаа да биде симната од дневен ред, освен Шиповиќ кој беше против.

Шиповиќ на почетокот на седницата гласаше воздржано за предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски за трите спорни ДУП-ови предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат симнати од дневен ред, со што практично овозможи да се расправа за предлозите.

XS
SM
MD
LG