Достапни линкови

ОН бараат независна меѓународна истрага за падот на авионот


Остатоци од малезискиот авион

Остатоци од малезискиот авион

Советот за безбедност на ОН едногласно повика на целосна, темелна и независна меѓународна истрага за падот на малезискиот авион при која загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. На средбата во Њујорк, советот ги повика сите засегнати страни да им обезбедат на истражителите пристап до местото на несреќата во Доњецк. Во соопштението тие повикуваат и на соодветна одговорност. Членовите на Советот за безбедност одржаа и едноминутно молчење за жртвите.

XS
SM
MD
LG