Достапни линкови

Ставрески-Ниската камата на евробврзницата израз на доверба


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави денеска дека со издавањето на последната трета евробврзница вредна 500 милиони евра Македонија постигнала историски најниска каматна стапка од 3,97 проценти. Според него, таквиот резултат е постигнат благодарение на исклучително добрата макроекономска состојба годинава во земјата.Тоа, како што нагласува тој, претставува силен израз на доверба на инвеститорите кон Македонија и кон нејзините економски политики, како и состојбите и перспективите на земјава воопшто.

Средствата ќе се користат за предфинансирање на буџетот за 2015 година, враќање на еврообврзницата издадена во 2005 година во износ од 150 милиони евра, отплата кон Меѓународниот монетарен фонд за кредитната линија во висина од 115 милиони евра земена пред три години, како и за финансирање на голем број капитални објекти идната година.

XS
SM
MD
LG