Достапни линкови

Нетанјаху ја проширува воената операција во Појасот Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската војска да се подготви за проширување на копнената операција против милитантите во Појасот Газа. Според него, воздушните напади не се доволни за уништување на тунелите кои Хамас ги користи за да спроведува прекугранични напади во јужен Израел. Палестинскиот претседател Махмуд Абас треба денеска да ја посети Турција со цел да помогне во преговорите за прекин на огнот. Палестинските милитанти одбија да го прифатат предлогот за примирје.

XS
SM
MD
LG