Достапни линкови

logo-print

Меркел бара итен прекин на огнот во Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека одговорните за уривањето на малезискиот авион над источна Украина во кој загинаа 298 цивили мора да бидат изнесени пред лицето на правдата. Според неа, постоеле многу индикации дека авионот бил соборен. Меркел додаде дека е неопходен итен прекин на огнот за да може да се дозволи независна истрага за трагедијата. Таа исто така оцени дека нема алтернатива на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG