Достапни линкови

Протести против „Монструм“ овој пат со формален организатор


Архивска фотографија:

Архивска фотографија:

Организаторите бараат ослободување на осудените во случајот Монструм и најавуваат мирни протести против, како што велат, неправдата што им е сторена на нивните семејства.

Нови протести против пресудата во случајот Монструм се најавени за денеска, со таа разлика што овој пат за прв пат се појавува формален организатор на протестите. Станува збор за координативниот организационен совет за случајот на чие чело е Бедри Хајдари, брат на Фејзи Азири, кој е еден од осудените на доживотен затвор во случајот Монструм. Протестите за денеска се најавени како мирни. Треба да започнат во 13:30 пред трговскиот центар Чаирчанка во Скопје и да завршат пред Скопскиот кривичен суд, велат организаторите.

Хајдари најавува мирни протести против, како што вели, неправдата што им е сторена на нивните семејства. Ние бараме правда и независно судство, вели тој.

Барањата се да се ослободат невините луѓе и да се најдат вистинските сторители. Очекуваме граѓаните масовно да нè поддржат, но не знам како ќе се одвиваат работите. Луѓето се преплашени да излезат на протестите, затоа што има голем притисок од страна на власта, бидејќи беше истакнато дека власта ќе употреби тактика, со присила, со закани, со големи казни – од парични, па до неколку месечни, па и неколкугодишни казни затвор.

„Барањата се да се ослободат невините луѓе и да се најдат вистинските сторители. Очекуваме граѓаните масовно да нè поддржат, но не знам како ќе се одвиваат работите. Луѓето се преплашени да излезат на протестите, затоа што има голем притисок од страна на власта, бидејќи беше истакнато дека власта ќе употреби тактика, со присила, со закани, со големи казни – од парични, па до неколку месечни, па и неколкугодишни казни затвор“, вели Хајдари.

Во МВР потврдија дека протестот е пријавен во полициска станица, организаторите најавиле дека ќе има редари и оти полицијата е подготвена да го одржи јавниот ред и мир. Сепак, велат дека нема да дозволат протести пред судот, туку дека, како и минатата недела, полицискиот кордон ќе биде поставен пред трговскиот центар Мавровка. Велат дека им кажале и на организаторите дека поради безбедносни причини не е пожелно да се блокира крстосницата кај комплексот судови.

Инаку в понеделник пред суд ќе бидат изведени осуммина демонстранти кои пред две недели учествуваа во насилните протести пред скопскиот Кривичен суд и на Бит Пазар. Обвинителството ги товари дека како учесници во поголема група за време на протестите предизвикале нереди при што со камења и други предмети ги оштетиле фасадите на објектите и повредиле неколкумина полицајци. Главни докази на обвинителството се видео снимките кои МВР ги направи за време на нередите и преку кои биле идентификувани насилниците. И во тетовскиот кривичен суд за истото дело учество во толпа и попречување на службено лице во вршењето на својата должност ќе им се суди на десет лица.

Првите протести по изрекувањето на пресудата пред две недели без насилни, без организатор и беа проследени до исламска иконографија и верски скандирања. Минатата недела ги снема верските слогани и саудиските знамиња и се појавија неформални редари, за денеска да се појави и формален организатор на протестите.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG