Достапни линкови

Македонија без попис во догледно време


Светот веќе се подготвува за пописот во 2020, а Македонија по пропаднатиот во 2011 се уште е далеку од спроведување на друг. Статистичката операција која кај нас е сведена на етничко пребројување е заложник на политиката, велат познавачите.

Во светот веќе започнуваат подготовките за пописот што треба да се спроведе во 2020, а Македонија не го спроведе оној во 2011 и се уште е далеку од спроведување на друг. Тоа што немаме спроведено попис влијае на сите сфери во општеството. Не знаеме колку училишта или градинки ни требаат, колку патишта, колку луѓе се иселиле, не можеме да креираме стратегии, тоа влијае и на избирачкиот список, вели поранешниот директор на Заводот за статистика Дончо Герасимовски.

Но вие не можете на тој начин да приберете податок колку домаќинствата имаа добиток, колку има земјоделска површина итн., преку софтвер тоа сигурно не се собира.

„Пописот се спрема најмалку 3 до 4 години, подготовките за него толку траат. Ние сме во тек, нешто сме подготвиле, тоа треба да се најде. Ние сме врзани и со одредени други законски процедури кои имаат силно влијание не само врз спроведувањето на пописот, туку и на дистрибуцијата на податоци на разни нивоа. Од тоа произлегува дека ние веќе оваа година немаме никаква можност за спроведување попис, бидејќи подготовките се доста обемни, сложени и стручни.“

Друг проблем е што пописот добива етнички предзнак, односно на површина испливува прашањето колку сме по одделни националности, а во светот веќе не е битен етносот, туку државјанството на граѓаните, велат познавачите. Периодов е активна кампањата „Попис веднаш“ која ја спроведува невладиниот сектор. Билјана Бејкова од невладината „Инфоцентар“, една од организациите која учествува во кампањата, вели дека оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување.

Пописот во Македонија се исполитизира и се исцрпува со дискусија дека треба да се преброиме само по крвни зрнца, односно колку има Македонци, Албанци, Турци итн.

„Пописот во Македонија се исполитизира и се исцрпува со дискусија дека треба да се преброиме само по крвни зрнца, односно колку има Македонци, Албанци, Турци итн. При тоа, забораваме дека во суштина е многу важно пописот да го спроведеме за да можеме да креираме успешни политики во сите области“, рече Билјана Бејкова од НВО „Инфо центар“.

Премиерот Никола Груевски во март годинава во едно интервју рече дека пописот бил прекинат оти имало масовни нерегуларности. Тој рече дека државата тогаш или ќе требало да уапси илјадници луѓе во учествувале во тие фалсификати, или да ги остави да си ја завршат работата и затоа се ставило крај. Премиерот тогаш најави дека ќе се смени концептот на пописот со набавка на посебен софтвер со кој точно ќе се евидентира присуството на секој граѓанин во секој момент, кој е во земјата, а кој не е. Но Герасимовски вели дека пописот не е само попишување на луѓе.

„Но вие не можете на тој начин да приберете податок колку домаќинствата имаа добиток, колку има земјоделска површина итн., преку софтвер тоа сигурно не се собира. Ние во овој момент такви софтвери и регистри не можеме да користиме, затоа што не доволно функционираат институциите во системот.“

Премиерот Никола Груевски уште пред два месеци му доставил писмен предлог на лидерот на ДУИ Али Ахмети, за спроведување попис, пишуваше весникот Дневник, пред некој ден, но засега немало одговор од коалициониот партнер. Предлогот на Груевски бил да пописот да се спроведува на два начини, прво да има административно пребројување на населението, но теренска проверка за неколку прашања. А за ДУИ во моментов пописот не им е приоритет.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG