Достапни линкови

Убиени осум припадници на пакистанските сили за безбедност


Осуммина припадници на пакистанските сили за безбедност загинале денеска во напад на непознати вооружени сили врз контролен пункт во областа Кајбер во Пакистан. До престрелката дошло во градот Џамруд при што биле убиени и четворица напаѓачи. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот што се случи во време кога пакистанската војска спроведува голема офанзива против локалните екстремисти во Северен Вазиристан, на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG