Достапни линкови

Во малезискиот авион имало голем број активисти против сидата


Спасувачи, полицајци и рудари, како што јавуваат новинските агенции, изутрината ја пребарувале зоната околу местото во источна Украина каде што се урна малезискиот авион со 298 патници и членови на екипажот. Денеска била најдена и втората црна кутија со податоци за летот. Вчера проруските сепаратисти кои ја контролираат областа во Доњецк соопштија дека првата црна кутија веќе ја испратиле во Москва. Украина ги обвини проруските сепаратисти дека го собориле авионот. Американските разузнавачи сметаат дека авионот бил соборен со проектил земја воздух, но оти се уште се истражува кој би можело да го стори тоа. Австралиските медиуми јавуваат дека поголемиот број од жртвите биле активисти и стручњаци во борбата против сидата кои патувале на меѓународна конференција во Мелбурн.

XS
SM
MD
LG