Достапни линкови

Украина и Русија се обвинуваат, ОН и ЕУ бараат меѓународна истрага


Нема преживеани меѓу 298-те патници и членови на екипажот при падот на малезискиот авион вчера во источна Украина. Повеќето од патниците на авионот, кој леташе од Амстердам до Куала Лумпур, биле Холанѓани.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека падот на авионот бил терористички акт. Украинскиот претставник Антон Херашченко соопшти дека авионот бил соборен со проектил земја-воздух.

Сепаратистите демантираа дека тие го сториле тоа и за соборувањето ја обвинија украинската војска, додека рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина е одговорна за несреќата.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и Европската комисија повикаа на меѓународна истрага.

ОБСЕ соопшти дека сепаратистите се согласиле да се затвори местото на несреќата и да им се овозможи безбеден пристап на националните и меѓународните истражувачи, како и на монитори на ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG