Достапни линкови

Украина: има докази дека сепаратистите го собориле авионот


Украинските безбедносни служби објавија дека имаат, како што соопштија, два пресретнати телефонски разговора со кои се докажува дека бунтовниците се одговорни за соборувањето на малезискиот авион.

Во првата снимка, според службите, командантот на бунтовниците Игор Безлер му вели на офицер на руското воено разузнавање дека бунтовничките сили вчера собориле авион.

Во втората, двајца бунтовници, од кои еден на местото на несреќата, велат дека нападот е изведен од единица на бунтовниците на 25 километри северно од локацијата на падот на авионот.

Ниедна од овие снимки не е потврдена од независни извори.

Шефот на украинската државна безбедност Валентин Наливајченко изјави дека ќе сторат се за да бидат казнети руските војници кои го сториле ова.

XS
SM
MD
LG