Достапни линкови

logo-print

Бајден: авионот очигледно бил соборен


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека малезискиот авион очигледно бил соборен и оти бил разнесен во воздух. Говорејќи на конференција во Детроит, Бајден рече дека не станува збор за несреќен случај.

Оваа забелешка беше поконкретна од претходниот коментар на претседателот Барак Обама, кој рече дека „изгледа оти може да било ужасна трагедија“.

Неименуван американски претставник, пак, изјави дека разузнавачките аналитичари цврсто веруваат оти авионот бил соборен од проектил земја-воздух, додавајќи дека потеклото на проектилот е непознато.

XS
SM
MD
LG