Достапни линкови

Авионите на повеќе светски компании нема да летаат над Украина


Американската Федерална воздухопловна администрација издаде наредба со која на американските авиони им се забранува летање над источна Украина, по падот на авионот на Малезија Ерлајнс во таа област. Во наредбата се наведува дека забранетата област ги опфаќа регионите на Симферопол и Днепропетровск, со што е проширена забраната од април, кога беа опфатени регионот на Крим и соседните области над Црно и Азовско Море.

Неколку меѓународни авио-компании, меѓу кои и австралиски Квантас, германска Луфтханза, Туркиш Ерлајнс и сингапурската и корејската компанија, во меѓувреме објавија дека нивните авиони нема да летаат над Украина.

XS
SM
MD
LG