Достапни линкови

Израел почна копнена офанзива во Газа


Израелската војска почна копнена операција во Појасот Газа за да ги спречи ракетните напади од оваа палестинска енклава. Воен претставник вчера соопшти дека премиерот Бенјамин Нетанјаху им наложил на израелските одбранбени сили да почнат копнена офанзива.

Според палестински медицински извори, најмалку 11 Палестинци биле убиени од почетокот на офанзивата, додека израелски претставници соопштија оти еден војник загинал, а двајца се ранети.

Израелската армија соопшти дека целта на операцијата се тунелите кои милитантите ги користат да се инфилтрираат во Израел и да изведуваат напади. Се наведува дека армијата нема намера да го собори Хамас, доминантната исламистичка група во Газа.

Хамас ја нарече офанзивата „глупав чин со страшни последици“. Американскиот Државен секретар Џон Кери во телефонски разговор побара од Нетанјаху да бидат „прецизни“ во нивните копнени напади. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го повика Израел да ги поштеди цивилите за време на операцијата.

XS
SM
MD
LG