Достапни линкови

Партијата на Хашим Тачи не го признава изборот на Иса Мустафа


Иса Мустафа

Иса Мустафа

Демократската партија на Косово на премиерот во оставка Хашим Тачи, која освои најголем број гласови на предвремените парламентарни избори од 8 јуни, соопшти дека нема да го признае изборот на лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа за претседател на Парламентот. „Политичките партии кои загубија ја добија највисоката институција. Демократската партија на Косово изборот го смета за невалиден“, се истакнува во соопштението од партијата.

Мустафа вчера беше избран за претседател на Собранието на Косово како кандидат на постизборната коалиција ДСК-АБК-Иницијатива за Косово. „За“ Мустафа гласаа 65 пратеници, меѓу кои и претставниците од листа „Српска“, додека пратениците од движењето Самоопределување беа воздржани.

XS
SM
MD
LG