Достапни линкови

Шефот на ЦИА во Берлин ја напушти Германија


Шефот на канцеларијата на ЦИА во Берлин ја напушти земјата откако му беше речено да го стори тоа од страна на германски официјални претставници. Германското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека шефот на канцеларијата веќе не се наоѓа во Германија, при што не го наведува неговото име. ЦИА одби да ја коментира оваа информација.

Од шефот на ЦИА во Германија беше побарано да ја напушти земјата, по минатонеделните наводи за американско шпионирање, според кои американски шпион бил вработен во германското министерство за одбрана. Овие наводи следеа по веста дека вработен во германското надворешно разузнавање бил уапсен откако бил осомничен дека работи како информатор за ЦИА.

Скандалот предизвика заладување на германско-американските односи, кои и онака беа студени по обвинувањата од минатата година дека американски агенти го прислушувале мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG