Достапни линкови

Обама и Путин телефонски разговарале за Украина


Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарале за новите санкции на Вашингтон спрема Москва, поради ситуацијата во Украина. Кремљ соопшти дека Путин ја изразил разочараноста на Обама од како што ја опишал неконструктивната одлука од Вашингтон да спроведе санкции против Русија.

Тие разговарале и за несреќата на малезискиот авион кој се урна во источна Украина. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернесе не даде детали за разговорот на Обама, само соопшти дека бил по барање на Кремљ.

XS
SM
MD
LG