Достапни линкови

Малезиски патнички авион се урна во Украина


Илустрација

Илустрација

Интерфакс јави дека малезиски авион од типот Боинг 777 се урнал во Украина во близина на границата со Русија, според извори од авијацијата. Авионот, кој патувал од Амстердам до Куала Лумпур, како што навел изворот бил пронајден како гори на украинска територија. Во него се превезувале 280 патници и 15 членови на екипажот.

Украинските власти за Интерфакс изјавиле дека авионот се урнал во близина на Шахтарск, кој се наоѓа во регионот Доњецк. Се уште нема дополнителни детали за настанот и веста се уште официјално не е потврдена.

XS
SM
MD
LG