Достапни линкови

Македонија издаде обврзница од 500 милиони евра


Министертвото за финансии соопшти дека Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издала еврообврзница во износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година.

Според министерството, побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможило да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал

XS
SM
MD
LG