Достапни линкови

Нови напади врз Израел откако заврши примирјето


Израелската војска соопшти дека била истрелана ракета од Појасот Газа во градот Ашкелон, веднаш штом завршило хуманитарното примирје. Израелската војска претходно тврдеше дека три минофрлачки гранати биле истрелани од Појасот Газа на нивна територија и покрај шестчасовното хуманитарно примирје. Инцидентот се случил по два часа откако примирјето стапи на сила. Се уште нема извештаи за жртви или некаква штета.

XS
SM
MD
LG