Достапни линкови

Вујовиќ-Србија нема да банкротира


Српскиот министер за економија и вршител на должност министер за финансии Душан Вујовиќ изјави денеска дека Србија нема да банкротира, доколку ги спроведе најавените мерки и доколку во септември земјата склучи тригодишна спогодба со Меѓународниот монетарен фонд.

Според него, спогодбата со ММФ ќе им помогне да го намалат буџетскиот дефицит, да го одржат државниот долг во нормални рамки и земјата да стане атрактивна дестинација за странски инвестиции. Вујовиќ потенцира дека реформите се тешки, но долгорочно ќе доведат до подобрување на економската состојба.

XS
SM
MD
LG