Достапни линкови

logo-print

Собранието и никогаш ја немало функцијата и местото што му е доделено со Уставот односно меѓу другото и да биде контролор на извршната власт, вели аналитичарот Владимир Мисев.

Трка по глас од секој пратеник, пребројувања до последен момент на потребните 82 гласа за да поминат владините предлози за уставни измени. Во таква атмосферата, која можеби и не се забележа на камерите на собранискиот канал, вчера помина првата фаза за изменување на Уставот и собранието даде поддршка за владините идеи.

Пратениците се премногу зависни од извршната власт, но во крајна инстанца презависни од своите политички партии.

Ова не нова ситуација, туку напротив во Македонија стана сосем нормално се што ќе пристигне од извршната во законодавната власт да биде изгласано, па дури и со тесна борба за секој глас.

Истовремено, граѓаните имаат поинакви очекувања од оние што ги избрале на непосредни избори. Според анкетата на Институтот за демократија спроведена во мај и во јуни годинава повеќе од 82 отсто од испитаниците сметаат дека новиот состав на Собранието треба да ја зголеми контролата врз работата на Владата.

Тоа може да доведе до неодговорна извршна власт која ги контролира сите пори на системот, и наместо парламентарна демократија да добиеме една извршна власт која практично ги контролира сите останати сегменти и да добиеме Собрание кое не е функционално.

Владимир Мисев од институтот што ја спроведе анкетата смета дека собранието и никогаш ја немало функцијата и местото што му е доделено со Уставот односно меѓудругото и да биде контролор на извршната власт.

„Пратениците се премногу зависни од извршната власт, но во крајна инстанца презависни од своите политички партии, и токму затоа многу теоретичари го дефинираат овој систем како партитократија, отколку како демократија во вистинска смисла на зборот“, вели Мисев, а главната причина за оваа зависност на пратениците ја лоцира во затворените изборни листи на кои дали некој ќе се најде или не одлучуваат партиските лидери и раководството.

„Голем дел од пратениците единствено работно искуство е политичката функција којашто ја обавувале, на тој начин и многу лесно се купува и нечија лојалност, ако тоа е единствен извор на приходи и финансии“, вели Мисев.

Според поранешниот пратеник, аналитичарот Насер Зибери покрај изборниот модел, за ваквата поставеност на пратениците придонесуваат и медиумите во кои има се помалку дебата но и општата политичка култура во Македонија. Тој смета и дека контролата врз власта е далеку помала сега поради тоа што нема опозиција во парламентот и како што вели тој се претвора во сервис на владата бидејќи се што ќе се предложи поминува поминува без спротиставени мислења.

„Тоа може да доведе до неодговорна извршна власт која ги контролира сите пори на системот, и наместо парламентарна демократија да добиеме една извршна власт која практично ги контролира сите останати сегменти и да добиеме Собрание кое не е функционално, како резултат на тоа може да се загрозат демократските принципи во државата, бидејќи нема корекција и контрола меѓу властите“, вели Зибери.

Инаку според анкетата на институтот граѓаните имаат и други забелешки за работата на собранието. Имено 90 отсто бараат унапредување на квалитетот на законите, додека 76,5 проценти сметаат дека мнозинството треба да има повеќе слух за ставовите на опозицијата.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG