Достапни линкови

Конститутивна седница на косовскиот парламент


Косовското Собрание денеска одржува конститутивна седница, по јунските парламентарни избори.

Најголема парламентарна група во новиот состав на Собранието е коалицијата Демократски сојуз на Косово, Алијанса за иднината на Косово и Граѓанската иницијатива за Косово, која брои вкупно 47 пратеници.

Во Парламентот, кој има вкупно 120 места, втора по сила е пратеничката група на Демократската партија на Косово (ПДК)со 37 пратеници, а трета е Движењето „Самоопределување“ со 16 пратеници, а четврта е Листата „Српска“, која доби девет пратеници.

XS
SM
MD
LG