Достапни линкови

Нападнат аеродромот во Кабул


Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека е нападат меѓународниот аеродром во Кабул од каде се слушаат експлозии и рафали на огнено оружје.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Портпаролот на министерството за внатрешни работи Седиќ Седиќи наведе дека авганистанските безбедносни сили ја опколиле областа.

Во борбите најмалку четворица талибанците биле убиени. До аеродромот се наоѓа воена база на меѓународните сили предводени од НАТО.

XS
SM
MD
LG