Достапни линкови

logo-print

Бунтовнички напад врз аеродромот во Кабул


Илустрација.

Илустрација.

Бунтовниците почнале напад врз меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштуваат властите. Околу аеродромот изутринава се слушале експлозии и рафали, а над една од зградите се издигнал црн чад. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека бунтовниците почнале да пукаат со автоматско оружје и со ракетни фрлачи, откако ја презеле контролата врз една зграда што се гради на аеродромот. Безбедносните сили ја опколиле областа и се судриле со бунтовниците. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Аеродромот во Кабул е веднаш до голема база на силите на НАТО. Пред два дена во експлозија на автомобил-бомба на преполн пазар во источната провинција Пактика во близина на границата со Пакистан загинаа 43, а најмалку 74 луѓе беа ранети.

XS
SM
MD
LG