Достапни линкови

logo-print

Обама - Напредок, но и празнини во преговорите со Иран


Архивска фотографија: Разговори за нуклеарната програма на Иран.

Архивска фотографија: Разговори за нуклеарната програма на Иран.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа изјави дека сè уште има „значителни празнини“ и уште работа во преговорите за нуклеарната програма на Иран. Зборувајќи вчера во Вашингтон, Обама рече дека ќе се консултира со Конгресот и со сојузниците за да се договорат дали преговорите ќе продолжат и по 20 јули. Разговорите имаат за цел да ја ограничат нуклеарната програма на Иран во замена за намалување на санкциите кон Техеран. Обама изјави дека Иран направи „вистински напредок“ во изминатите шест месеци во неколку области и оти има начин за натамошен напредок. Времениот договор постигнат во ноември за ограничување на делови од иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите завршува на 20 јули.

XS
SM
MD
LG