Достапни линкови

Временска прогноза - Претпладне сончево, попладне дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени. Во Скопје слично време, со температура до 32 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот времето ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.

XS
SM
MD
LG