Достапни линкови

logo-print

Загинаа уште 11 украински војници на истокот на земјата


Илустрација.

Илустрација.

Украинската војска соопшти дека вчера загинале уште 11 војници, главно во судирите со проруските сепаратисти во близина на границата со Русија. Украинските власти велат дека во градот Славјанск, кој овој месец беше вратен под владина контрола, биле пронајдени стотици тела на загинати бунтовници во „плитки гробови“. Владата соопшти големи бројки за загинати бунтовници кои не може независно да бидат потврдени. Околу 270 украински војници и стотици цивили и бунтовници беа убиени откако владата ја почна офанзивата против сепаратистите на истокот на земјата во април годинава.

XS
SM
MD
LG