Достапни линкови

logo-print

Протести за безбедност во рудниците во Анкара


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Околу илјада луѓе од турскиот град Сома, каде во мај загинаа 301 рудари, демонстрираа во Анкара со барање Владата да ги испочитува ветувањата за подобрување на безбедноста во рудниците.

„Не сме заборавиле на нашите 301 колеги“, скандираа илјада демонстранти кои се упатија кон Парламентот во Анкара, за да побараат власта да ги исполни ветувањата за подобрување на условите за работа и нормите за безбедност.

„Не молчете. Говорете силно. Сома е масакр! Тоа не е судбина“, пишуваше на транспарентите.

Во трагичен инцидент во мај во рудник за јаглен во Сома, во округот Маниса, Западна Турција, загинаа вкупно 301 рудари, при што повеќето беа затруени од јаглерод диоксид.

XS
SM
MD
LG