Достапни линкови

logo-print

Пратениците ги донесоа измените на Уставот


Пратениците денеска со 82 гласови „за“ ги донесоа уставните измени. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изјави дека одлуката за пристапување кон измена на Уставот усвоена со двотретинско мнозинство, стапува на сила веднаш.

Согласно измените, бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, се прецизираат фискалните правила во буџетот со ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти и на јавниот долг од 60 отсто од БДП, а Народната банка се преименува во Банка на РМ. Се воведува и уставна жалба, како и дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

XS
SM
MD
LG