Достапни линкови

ОН-Најниска стапка на смртни случаи од СИДА


ООН соопштија дека стапката на смртни случаи предизвикани од сида е на најниско ниво од 2004 година, а бројката на луѓе кои живеат со ХИВ вирусот кој предизвикува сида останала иста во последните две години.

Според извештајот, крајот на епидемијата со сида е можен, иако бројката на нови инфекции, која се уште е висока изнесува над 2 милиони во минатата година. Се очекува да биде намалена смртноста од болеста и од нови инфекции до 90 проценти до 2030 година. ОН проценуваат дека повеќе од 35 милиони живеле со ХИВ во 2013 година, а 1,5 милиони умреле од сида.

XS
SM
MD
LG