Достапни линкови

Груевски: Јасно е дека Грција го оспорува нашиот идентитет


Премиерот Никола Груевски изјави дека не е изненаден од вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник во која рече дека „нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за сите“. Тој смета дека спомнувањето на зборот „идентитет“ не би требало да биде нешто ново за познавачите на проблемот.

„Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед и затоа не би требало да е нешто ново за нас, изјави премиерот Груевски.

Тој потенцира дека на многу наврати и досега кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација.

XS
SM
MD
LG