Достапни линкови

Жерновски-Во петок ќе се расчистат дилемите


Градоначалникот на општина Центар Андреј Жереновски

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жереновски

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жереновски денеска изјави дека по гласањето во петок ќе биде појасно дали власта имала некаков план кога го уапсила и пуштила да се брани од слобода претседавачот на општината Мирослав Шиповиќ. На дневен ред во петок по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е ставено гласањето за три урбанистички планови, Тасино чешмиче, Капиштец-Водно и Мал Ринг. Според Жреновски, штом советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага плановите, тоа значи дека е можно да има и мнозинство. Жерновски порача ако плановите бидат изгласани, нема да се предадат, туку одлуката ќе ја достават до Уставниот суд.

Шиповиќ претходно за НОВА изјави дека е против проектот „Скопје 2014“ и дека така ќе гласа, но за некои теми ќе проценел со каков став ќе излезе. Шиповиќ, е првообвинет во случајот „Машинопромет“ и беше пуштен да се брани од слобода по скоро 10 месеци притвор.

XS
SM
MD
LG