Достапни линкови

logo-print

Асад-Западот ќе плати за теророт во Сирија


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад откако ја положи заклетвата за неговиот трет седумгодишен мандат на функцијата изјави дека западните и арапските земји ќе платат висока цена за поддршката на теророт во Сирија. Според него, земјата ја победила валканата војна предводена од странски сили. Асад победи на изборите во минатиот месец, кои опозицијата и западните сојузници оценија дека биле фарса. Според официјалните резултати Асад освои 88,7 проценти од гласовите. Но, гласањето не се одржа во региони каде се водат борби или кои се под контрола на опозициските сили или исламските милитанти.

XS
SM
MD
LG