Достапни линкови

ЕУ подготвува нови санкции за Русија


Ukraine -- Ukraine EU Russia map flag flags (shutterstock.com), undated

Ukraine -- Ukraine EU Russia map flag flags (shutterstock.com), undated

Европските лидери ќе се обидат да и го одземат пристапот на Русија до кредити за реализирање на нови проекти, поради улогата на земјата во кризата во Украина. Според драфт решението до кое дошол Ројтерс, европските лидери денеска ќе се сретнат во Брисел каде ќе побараат од Европската инвестициона банка да го прекине финансирањето на новите проекти во јавниот сектор во Русија. Според решението, во план е блокирање на средствата и преку Европската банка за реконструкција и развој, како и замрзнување на имотите и организациите кои го поткопуваат суверенитетот на Украина.

XS
SM
MD
LG