Достапни линкови

Двајца уапсени за несреќата во Русија


Спасувачки тим на местото на несреќата во метрото во Москва

Спасувачки тим на местото на несреќата во метрото во Москва

Двајца вработени во московската железница се уапсени по несреќата во метрото при која загинаа 22 лица, а над стотина беа повредени. Рускиот истражувачки комитет соопшти дека Валери Башкатов и Јури Гордов се обвинети за нарушување на безбедносните правила. Портпаролот на комитетот, Владимир Маркин изјави дека истражителите веруваат оти несреќата можеби била предизвикана од неисправна работа на механизмот за пренасочување на шините.

XS
SM
MD
LG