Достапни линкови

Улогата на Нимиц добива на сила


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министерството за надворешни работи сè уште нема информација за тоа кога медијаторот Метју Нимиц ќе дојде во Скопје. И покрај разликите, аналитичарите во едно се согласни, а тоа е дека по засилената американско-германска заинтересираност, улогата на Нимиц добива на сила.

Министерството за надворешни работи сè уште нема информација за тоа кога медијаторот Метју Нимиц ќе дојде во Скопје, иако неговата посета на регионот за првата половина од месецов беше најавена од висок грчки дипломат во Обединетите нации.

Најверојатно после доаѓа и фазата кога медијаторството на Нимиц ќе добие сила во тоа што значи дипломатско решавање на проблемот. Најверојатно веќе и на меѓународната заедница како да и тежи проблемот.

И додека сè уште не се знае конкретниот датум за неговата посета, пораките за потребата од решавање на спорот за името од страна на меѓународните претставници се засилуваат. Од оние за неопходноста од решение на проблемот упатени од американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд, до такви дека сосема без компромис не ќе може да се реши спорот од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.

Добро е што меѓународната заедница покажува засилен интерес за ова прашање, но не верувам дека теренот за некаков напредок во преговорите е подготвен, вели универзитетскиот професор Димитар Мирчев.

Доколку Германија поактивно се вклучи во тој спор со свои предлози и интервенции, мислам дека значително ќе му се олесни ситуацијата на посредникот, господин Нимиц.

„Барем кај нас не е подготвен ни теренот за тоа, со оглед на состојбата во Парламентот, годишните одмори итн. Меѓутоа во секој случај добродојдена би била и таа посета и почести посети“, вели Мирчев.

Наспроти него, пак, претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, вели дека постои сериозно раздвижување околу решавање на спорот и оти ако ваквата заинтересираност од влијателните земји во Европската унија продолжи, притисокот за да се реши проблемот врз двете страни ќе биде многу посилен.

„Најверојатно после доаѓа и фазата кога медијаторството на Нимиц ќе добие сила во тоа што значи дипломатско решавање на проблемот. Најверојатно веќе и на меѓународната заедница како да и тежи проблемот“, вели Рамадани.

Изјавите на влијателните меѓународни претставници создаваат надеж дека може да дојде до некакво придвижување во разговорите за спорот, уверува професор Мирчев. Иако домашниот терен не е најповолен, Мирчев не верува дека изјавите дадени во овој момент се случајни.

„Доколку Германија поактивно се вклучи во тој спор со свои предлози и интервенции, мислам дека значително ќе му се олесни ситуацијата на посредникот, господин Нимиц“, вели Мирчев.

Меркел вчера изјави дека лично се вклучила во спорот и размислувала за сите можни комбинации за името и дека не постои ништо повеќе што може да се измисли. Од компромисот не може да се очекува дека сè ќе заврши со среќа. Кога сите се незадоволни на некој начин мора да се постигне компромис, рече Меркел.

Мирчев вели дека околу 160 предлози биле ставени на маса во досегашните преговори за името. Во јавноста, пак, најмногу се спомнуваа предлозите Горна Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија, Република Македонија (Скопје). Ниту еден од нив македонската Влада не го потврди со образложение дека со тоа би можело да му се наштети на преговарачкиот процес кој се одвива зад затворени врати.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG