Достапни линкови

Талибанците отфрлаат одговорност за напад во Авганистан


Талибанците ја отфрлија одговорноста за вчерашната експлозија на пазар во провинцијата Пактика во источен Авганистан при што загинаа 89 луѓе. Тоа беше еден од најсмртоносните терористички акти во таа земја од почетокот на инвазијата предводена од Соединетите држави. Претходно авганистанската влада ги обвини талибанците дека нападнале цивили за време на Рамазанскиот пост. Експлозијата се случила на место каде што нема воени бази или странско присуство поради што некои аналитичари шпекулираат дека експлозивот бил предвреме активиран.

XS
SM
MD
LG