Достапни линкови

logo-print

Катимерини: втор голем ангажман на Меркел во спорот со името


Спорот меѓу Грција и Македонија околу името е „товар“ за Европа, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во врска со вчерашната изјава на германската канцеларка Анегла Меркел во Дубровник, додавајќи дека таа повикала да се најде решение дури и ако двете страни бидат разочарани. „Имам поминато време на ова прашање и на имиња и можни комбинации, но понекогаш мислам дека нема ништо друго што може да се предложи“, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Меркел на годишната средба на Брдо-Бриони процесот меѓу лидерите на земјите од Југоисточна Европа. Весникот нагласува дека ова е „втор голем ангажман на Меркел во спорот со името“. Во ноември минатата година таа во Берлин се сретна со медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц. „Грчките дипломати неодамна беа загрижени дека обидите на Македонија да влезе во НАТО повторно ќе бидат покренати на следниот самит на Алијансата, во Кардиф, во септември, но генералниот секретар Андерс Фог Расмусен изјави дека проширувањето на Алијансата нема да биде на дневен ред“, пишува „Катимерини“.

XS
SM
MD
LG