Достапни линкови

Нови израелски воздушни напади во Газа


Најмалку три лица загинаа во новите израелски воздушни напади во Газа, соопштија палестински лекарски служби.

Портпаролот на палестинските служби за итна помош соопшти дека при напад на една куќа во градот Рафах се убиени двајца мажи, а во друг напад е убиен уште еден човек за кој очевидци рекле дека бил исламски џихадист. Изралеските напади исто така биле насочени кон куќата на висок функционер на Хамас Махмуд ал Захар во Газа, но за време на нападот тој не бил дома.

Нападите се случија откако надежите за прекин на огнот беа уништени на 15 јули, затоа што Хамас го одби примирјето предложена од Египет, по што Израел продолжи со воздушните напади по неколкучасовни прекини.

Повеќе од 190 Палестинци и еден Израелец се убиени за време израелските воздушни напади.

XS
SM
MD
LG