Достапни линкови

Донаторска конференција за Србија и БиХ е во Брисел


Обреновац, Србија, после поплавите.

Обреновац, Србија, после поплавите.

Голема донаторска конференција за отстранување на последиците од катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина се одржува денеска во Брисел. На конференцијата присуство најавија голем број функционери и меѓународни институции и организации од Европа и од светот.

Делегацијата на Србија ќе ја предводи претседателот Томислав Николиќ, а делегацијата на БиХ претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Домаќин на собирот, кој се одржува под мотото „Да изградиме повторно заедно“ е Европската комисија, а коорганизатори се Франција и Словенија.

Собирот ќе го отворaт еврокомесарот за проширување Штефан Филе, премиерката на Словенија Аленка Братушек и шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.

На конференцијата ќе бидат прикажани и три филма за катастрофалните поплави во БиХ и во Србија, како и реакциите на меѓународната заедница, а завршниот говор ќе го одржи еврокомесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева.

XS
SM
MD
LG