Достапни линкови

ЕУ бира нов шеф за надворешна политика


Сегашниот комесар за хуманитарна помош, Кристалина Георгиева од Бугарија во трка за шеф за надворешна политика.

Сегашниот комесар за хуманитарна помош, Кристалина Георгиева од Бугарија во трка за шеф за надворешна политика.

Шефовите на државите членка на Европската унија денеска избираат нов шеф на ЕУ за надворешна политика. За местото се борат италијанскиот министер за надворешни работи Федерика Могерини и сегашниот комесар за хуманитарна помош, Кристалина Георгиева од Бугарија.

Претходно долго време полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски се споменуваше како можен наследник на Ештон, но откако во јавноста протече аудио снимка на која тој зборува лошо за САД и за Обединетото Кралство, плус неговата силна реторика кон Русија, го одалечија од оваа функција.

Италијанскиот премиер Матео Рензи силно лобира нов шеф за надворешна политика да биде Могерини, иако има обвиненија дека таа е почетник во надворешната политика.

Ако пак местото го добие Георгиева, таа ќе стане првиот човек на врвна позиција во ЕУ што доаѓа од земја од поранешниот Варшавски пакт.

XS
SM
MD
LG