Достапни линкови

logo-print

САД подготвуваат унилатерални санкции кон Русија


Американски и европски претставници соопштуваат дека администрацијата на претседателот Барак Обама ја разгледува можноста за воведување унилатерални санкции кон Русија поради заканувачките потези во Украина.

Тоа ќе значи промена на стратегијата што ги одразува фрустрациите на американската администрација поради неподготвеноста на Европа да преземе поостри мерки против Москва. Досега, САД инсистираа на притисок врз Русија со казни координирани со Европа заради поголемо влијание и покажување на обединет западен фронт. Но, после неколку недели неактивност, властите велат дека САД сега се подготвуваат да продолжат сами, ако претставниците на ЕУ не успеат да се договорат за поостри санкции за време на денешниот состанок во Брисел. Неименуван американски претставник изјави дека конечната одлука ќе биде донесена по европскиот состанок.

Лидерите на Европската унија на денешниот состанок може да одобрат нови санкции против Русија и про-руските сепаратисти во Украина.

Дипломатски извори велат ЕУ најверојатно, ќе даде зелено светло за проширување на листата на Украинци и Руси кон кои ќе бидат насочени санкциите, како замрзнување на средства во ЕУ и визна забрана. Дупломатски извори велат дека може да се зголеми и опсегот на санкции со дополнителни мерки.

XS
SM
MD
LG