Достапни линкови

Обама и Меркел разговарале за разузнавачката соработка


Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за меѓусебната разузнавачка соработка, соопшти Белата куќа. Во нивното соопштение се наведува дека Обама рекол дека поблиску ќе комуницираат за да се подобри соработката.

Тоа е првата дискусија меѓу двајцата лидери откако Германија го протера шефот на канцеларијата на ЦИА во Берлин како реакција на веста дека двајца Германци шпионираат за Вашингтон.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека двајцата лидери уште разговарале и за Украина и Иран.

Минатогодишните откритијата на Едвард Сноуден дека Агенцијата за национална безбедност го прислушкувала мобилниот телефон на Меркел предизвикаа гнев во Германија.

XS
SM
MD
LG