Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Разговорите меѓу Иран и светските сили за неговата нуклеарна програма продолжуваат денеска во Виена. Постојат предлози да се продолжи крајниот рок на преговорите кои треба да завршат на 20 јули.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф вчера рече дека по дводневите разговори има напредок, но додаде дека дополнително време може да помогне.

Американскиот државен секретар Џон Кери пак рече дека е постигнат видлив напредок по тешките преговори, но дека сепак има вистински јаз меѓу позициите на двете страни.

Сепак, и Зариф и Кери рекоа дека се уште се надеваат дека ќе се обезбеди договор до 20 јули.

XS
SM
MD
LG