Достапни линкови

Путин-Односите со ЕУ се под сериозен тест


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин му соопштил на наредниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер дека односите на Русија со ЕУ се наоѓаат под сериозен тест, но и дека можат да бидат подобрени. Кремљ соопшти дека Путин му честитал на поранешниот премиер на Луксембург, откако неговата номинација на функцијата беше одобрена од Европскиот Парламент. Путин притоа изразил надеж дека затегнатите односи ќе се развијат активно во духот на стратешко партнерство.

XS
SM
MD
LG