Достапни линкови

Меркел оптимист за решавање на спорот со името


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Дубровник изјави дека спорот со името помеѓу Македонија и Грција е товар за сите, но дека е оптимист оти може да се најде решение. Таа пред учесниците на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ истакна дека размислувала за сите можни комбинации за името, но дека не постои ништо повеќе што може да се измисли.

Меркел порача дека не може да се очекува дека компромисот ќе заврши со среќен крај за сите. Според неа, кога сите се еднакво незадоволни, тоа е фер компромис. Но, како што изјави таа мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ.

XS
SM
MD
LG