Достапни линкови

logo-print

Кери-Има напредок во нуклеарните преговори со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека на нуклеарните преговори со Иран бил постигнат добар напредок, но дека се уште има работи кои треба да се направат пред крајниот рок за постигнување договор на 20 јули. Тој говорејќи по средбата во Виена помеѓу шесте светски сили и Иран, истакна дека разговорите биле тешки и дека остануват неколку несогласувања во позициите на двете страни. Кери најави дека се враќа во Вашингтон за да се консултира за постигнувањето долгорочен договор со Иран.

XS
SM
MD
LG